Во одбојкарското првенство на Македонија, во машка конкуренција, денеска започнува финалната серија. Во неа за трофејот ќе се борат одбојкарите на Струмица и Штип УГД.

Титулата ја бранат Струмичани кои сезонава немаат првенствен пораз. Тие ги добија сите 21 одигран натпревар, но загубија во финалето на Купот на Македонија. Тој единствен пораз на домашната сцена, дојде токму од екипата на Штип УГД.

Штипјани ја искористија предноста на домашниот терен и го совладаа фаворитот (3:2) и за прв пат во клупската историја освоија трофеј. Амбициите секако се двојна круна, но за тоа ќе мораат штипјани три пати да ја совладаат Струмица во финалето од плејофот.

Екипата на Струмица веќе десетпати го освојуваа шампионскиот трофеј и ќе го бркаат десеттиот, а вкупно дваесетти во клупската историја.

Првиот финален „сервис“ е закажан за вечерва во Струмица од 19.30 часот.

Термините на финалните натпревари може да ги видите овде.