Реал Мадрид се пласираше на четвртиот последователен Фајнал-фор во Евролигата по победата над Хапоел Тел Авив со 3-1 во серијата.
Шпанскиот гигант славеше во четвртиот натпревар одигран во Ботевград со резултат 87:81 и ја обезбеди визата за завршниот турнир во Атина.
,,Кралевите“ покажаа супериорност во клучните моменти и покрај големиот отпор на израелскиот тим во текот на целиот меч. Хапоел имаше предност во одредени делови од натпреварот, но искуството на гостите пресуди во последната четвртина.
Усман Гаруба беше најефикасен во победничкиот состав со 16 поени, покажувајќи одлична игра под обрачите во отсуство на повредениот Валтер Таварес. Кај домаќинот блесна Василије Мициќ со дабл-дабл учинок од 18 поени и 11 асистенции, но тоа не беше доволно за мајсторка.
Покрај Реал Мадрид, претходно пласман на завршниот турнир во Грција обезбеди и Олимпијакос кој со 3-0 го совлада Монако.
Фајнал-форот ќе се одржи од 22 до 24 мај. Реал го чека подобриот од дуелот меѓу Валенсија и Панатинаикос во кој грчкиот тим води со 2-1 во победи. Иста посредност (2-1) има Фенербахче против Жалгирис, а исходот го чекаат кошаркарите на Олимпијакос.





































