Кошаркарите на Партизан вечерва од 20:30 часот го пречекуваат непоразениот Панатинаикос во највозбудливиот натпревар од петтото коло на Евролигата. Спектаклот во Белградска арена носи огромни емоции, враќањето на трофејниот Жељко Обрадовиќ пред домашната публика.

Легендарниот српски тренер е „магнет“ за публиката. Белградска арена е целосно распродадена. Влезниците за овој кошаркарски спектакл исчезнаа за рекордно кратко време, што гарантира пеколна атмосфера и преполни трибини. Навивачите со нетрпение го очекуваат емотивното соочување со стручњакот кој остави длабока трага во поновата историја на белградскиот клуб.

Обрадовиќ сега го предводи грчкиот тим, кој има максимални четири победи на стартот од елитната конкуренција. Покрај Обрадовиќ, во Белград се враќа и Матијас Лесор кој до пред две сезони го носеше црно-белиуот дрес, па затоа е почитуван од популарните „гробари“.