Реал Мадрид конечно победи сезонава во Евролигата откако на домашен терен го совлада Партизан со 86:76 во 4.коло. Ова е прв триумф за мадриѓани по трите воведни порази, додека црно-белите ја прекинаа победничката низа и го претрпе првиот пораз.

Домаќинот одлично го отвори натпреварот и по првите десет минути имаше предност од 27:19. Високото темпо продолжи и до крајот на полувремето, а Реал изгради сигурно водство од 53:37.

Партизан заигра поагресивно по паузата и ја доби третата четвртина со 20:18. Гостите беа подобри и во последниот период, но недоволно за целосен пресврт.

Најефикасен кај победникот беше Тео Маледон со 13 поени и четири асистенции. Во редовите на Партизан се истакна Карлик Џонс со 19 поени, проследен од Ерик Томпсон со 14 поени.

По овој меч Партизан останува високо на четвртата позиција со скор 3-1. Реал Мадрид со само еден триумфот сега се наоѓа на 16.место на табелата.