Младата репрезентација на Македонија до 19 години со еден освоен бод и постигнат гол, ги заврши квалификациите за Европскиот шампионат.
Во последниот натпревар од седмата квалификациска група чиј домаќин беше Скопје, Македонија одигра без победник 1-1 со Летонија.
Во првото полувреме во кое двете селекции повеќе размислуваа за противничката. Сепак македонските млади фудбалери имаа три можности кои не успеаја да ги искористат.
Во вториот дел нешто по офанзивна игра пред се на избраниците на Јакмовски. Но, гостите беа оние кои го отворија резултатот. Во 59-тата минута стигна казна, кога Месаргс погоди за 0-1 за Летонците.
Капитенот Геориевски во 70.минута имаше голема шанса да израмни кога небранет од никого со глава директно биеше во рацете на противничкиот голман .
Сепак во 75-минута, токму по асистенцијата на Георгиевски, на вистинското место се најде Димитар Динев кој израмни на 1-1. Во продолжението немаше посериозни шанси, па резултатот остана не променет 1-1.
Инаку, во директниот дуел за првото место во оваа група Украина со 3-0 ја совлада Швајцарија и се пласира на Европскиот шампионат.