Грузија е 22-та земја што обезбеди пласман на Европскиот фудбалски шампионат во Германија летово.

Ова откако вечерва во Тбилиси, домашната Грузија ја совладаа Грција во баражот од фбалети на „Ц“ лигата со 5:2 на пенали.

Борбен и динамичен натпревар одиграа овие селекции. Има по две исклучително големи шанси, но по 12.минути игра немаше голови, па пеналите решаваа.

Во пенал „рулетот“, уште во првата серија грузискиот голман Мамардашвили го одбрани ударот на Бакасетаса. Во третата серија Микаутадзе не реализира за Грузија, а Јакумакс на ист начин се реваншира во следната. Историскиот успех на Грузијците им го донесе Квеквескири поставувајќи гои конечните 5:2

За Грузија ова ќе биде прв настап на Европското првенство на кое ќе игра во „Ф“ групата против Турција, Португалија и Чешка.

Последните два патници ќе ги дознаеме вечерва по дуелите во Кардиф каде Велс ја пречекува Полска, а во Вроцлав, Украина ќе се сретне со Исланд.