Младата фудбалска репрезентација на Македонија до 21 година, во наредниот период ја очекуваат два натпревари во квалификациите за ЕП 2025-та.
Македонија ќе биде домаќин на Гибралтар и Шведска во натпреварите од „Ц“ групата, на 21-ви и 26-ти март. Тие ќе се играат на Националната арена „Тодор Проевски“ во Скопје.
Од Фудбалската федерација денеска со информација околу продажбата на картите.
Продажбата на картите ќе се одвива на деновите кога ќе се играат двата меча и тоа со почеток во 11 часот.
Цената на влезниците за натпреварите ќе изнесува 100 денари.
Продажбата ќе се одвива преку билетарата на МКTickets на националната арена „Тодор Проески”.