„На актуелната власт и пречи Вардар“, вели Борко
Борко Ристовски: Власта прави се да го уништи Вардар, фудбалскиот и ракометниот клуб!
Поранешниот ракометен репрезентативен голман на Македонија, легендарниот Борко Ристовски во своето гостување на Радио Лидер во емисијата „Скопје – урбана приказна“, говорејќи за фудбалскиот и ракометниот клуб отворени открива, дека:
“На актуелната власт и пречи спортското семејство Вардар“.
Како што вели Борко, постоело и план, фудбалскиот клуб да му биде продаден на „газдата на Шкендија“ како за краток период ФК Вардар комплетно би бил уништен.
За излез од тешката ситуација во која се наоѓаат двата спортски колективи, фудбалерите кои настапуваат во Втората лига, односно ракометарите кои годинава останаа без настап во елитната Лига на шампиони, Ристовски потенцира дека постои план како Вардар да излезе од оваа тешка ситуација, и како да се врати на патеките на кои и заслужува, притоа потенцирајќи дека:
„За да Вардар, да опстои мора да дојде до промена на власт. Тоа на сите да ни биде јасно. Гледате дека структурно Вардар го уништуваат. Ние помагаме колку што можеме, меѓутоа, во овој момент сме лимитирани затоа што нели немаш централна власт. Меѓутоа, Вардар е гордост на Скопје, Вардар е гордост на Македонија и јас сум сигурен, ги знам плановите, има план за спас на Вардар фудбалски клуб и Вардар ракометен клуб, но има план и за спас на целиот спорт македонскиот. Меѓутоа без централна власт тоа не може да се случи. За жал сегашната влас прави се да ги уништат Вардар“,
вели меѓу останатото вардаровата легенда Борко Ристовски.
Интервјуто на Борко Ристовски кој е и Претседател на комисијата за спорт при ВМРО-ДПМНЕ, дадено за Радио Лидер, трае нешто над од седум минути, може да го видите во продолжение.