Во пресрет на Европското првенство ви ја претставуваме Сара Стефановска

Сара Стефаноска е млада талентирана ракометарка , која игра на позицијата лев бек. На само осумнаесет години таа има постигнато огромни успеси со тимот како и на индивидуално ниво.

На Сара почетоците и првиот допир со ракометот се во нејзиниот роден град Кичево, во ракометниот клуб Кале Кичево.

„Како мала многу играв фудбал и кошарка , но во мојот град немаше таков клуб и се запишав на ракомет во клубот Кале Кичево. За кратко време се заљубив во овој спорт и не верувам дека таа љубов некогаш ќе згасне“, вели Сара.

Нејзина најголема мотивација и инспирација да тренира и да продолжи да се усовршува со ракометот, се нејзините родители, кои и даваат неизмерна поддршка и ги следат сите нејзини натпревари.

Стефаноска која беше дел од репрезентацијата на Македонија на Медитеранските игри во Оран, каде нашата репрезентација го освои 7.место, во неколку наврати беше повикана во сениорскиот состав на Македонија, во моментов е во Романија со младинската репрезентација.

Денеска Европското првенство за ракометарки до 19 години каде нашата репрезентација го игра првиот натпревар против Црна Гора. Сара е оптимист и верува во својата екипа и мисли дека иако имаат тешка група ќе го дадат нивниот максимум на терен.

„Напорно работевме , анализираме и даваме се од себе. Одиме на победа. Наше е да го одиграме тоа што го знаеме, а резултатот сам ќе си дојде . Верувам во мојата екипа“, изјави Сара.

Младата кичевчанка, долг период е дел од женската екипа на Вардар како и еден од клучните играчи. Со напорна работа и тренирање од кадетската екипа на седумнаесет годишна возраст преминува во првиот тим на Вардар.

„Задоволна сум од организацијата и условите што ги имаме во Вардар, тоа е клубот што ги вклопи сите мои особини и направи играч ,големо е задоволството да сум дел од еден ваков тим“.

За неа тоа што добива голема минутажа е од голема важност со што стекнува искуство и помага да се изгради како играч која ја користи максимално со одлична игра и посветеност .

Сара беше прогласена за МВП на завршниот турнир од Младинската лига на Македонија. Овие награди многу значат за Сара и се голем поттик за неа да продолжи да го прави тоа што го знае најдобро, како и мотивација за да успее во ракометот. Таа на теренот го дава својот максимум, оваа награда е пример дека макотрпната работа и вложување во себе на крајот се исплатат.

Стефаноска истакна дека финалниот натпревар со Куманово и оставил огромен позитивен впечаток. Таа исто го посочи и полуфиналниот натпреварот против екипата на Ѓорче Петров каде беше најефикасна од тимот на Вардар со десет погодоци.

На Сара како и на секој спортист цел е еден ден да игра во Лигата на Шампиони.

„Моја цел е да играм во добар клуб кој се натпреварува во добра лига . На оваа возраст е најбитно да си во средина каде можеш да напредуваш . Работам и се надевам дека еден ден ќе заиграм и Лига шампиони“,
истакна Сара.

Како идол Сара го посочи Гисли Кристјансон, кој беше прогласен за МВП во Бундес лигата како и на завршниот турнир од Лигата на Шампионите. Таа посочи дека многу и се допаѓа неговиот стил на игра и борбеноста што ја покажува на терен.

И самата Сара е голем борец, па затоа веруваме дека таа и нејзините соиграчи од младинската репрезентација ќе го дадат најдоброто од себе на Европскиот шампионат.

Ивона Кимовска