Македонските одбојкари ги одработија последните контроли пред стартот на Европскиот шампионот. Црвено-жолтите со една победа над Египет и два порази од Јапонија и Грција, го завршија настапот на турнирот „Чајка“.

По синоќешниот пораз од Грција, капитенот Никола Ѓорѓиев беше искрен и разочаран

Ѓорѓиев вели дека е не задоволен од постигнатите резултати. Тој смета дека подобро би било да победуваат со полоша игра, отколку да играат добро и да губат.

Капитенот смета дека на репрезентацијата и недостига дрскост во играта.

„Завршија подготвителните натпревари. Ако досега беше добро играме, сега претстои дека мора да победиме“, е резимето на Ѓорѓиев во изјавата на МТВ.

Ѓорѓиев и „дружината“ имаа уште малку време да ги коригираат недостатоците во играта, пред стартот на натпреварите на Европскиот шампионат во „скопската“ група, закажан за 30 август. 

„Се надевам дека од 30-ти ќе биде друга приказна“, заклучува Ѓорѓиев.