По низата на подготвителни натпревари македонските одбојкари може малку да здивнат. Но, тоа ќе трае кратко бидејќи остануваат само девет дена до стартот на Европскиот шампионат.

Селекторот Јошко Миленковски верува дека неговите избраници се на вистинскиот пат.

Имаше можност Миленковски да ја провери нивната подготвеност на десетината контролни натпревари изминатите 15-тина дена.

„Мислам дека работевме добро. Сега се надевам дека работата ќе вроди со плод. Секогаш било така. Имаме доволно време, се она што недостасува да се надокнади“, изјави Миленковски за МТВ, по синоќешната последна контрола на македонската репрезентација.

До првиот натпревар на Европскиот шампионат, против Данска, македонските одбојкари и јавноста одбројуваат уште девет дена.