Машката кадетска репрезентација на Македонија за ракометари до 19 години, летово ја очекува настап на Светското првенство. Шампионатот во Хрватска ќе се одржи во периодот 2 до 13 Август.

Македонските надежи влегуваат во завршната фаза од подготовките за Мундијалот. Како дел од тие подготовки беа и двата натпревари со Унгарија (изминатите два дена).

Црвено-жолтите беа надиграни, од четврто пласираната селекција на последното ЕП за ракометари до 18 години.

„Овие натпревари се одлично искуство за нашите ракометари. Преку нив, ние како стручен штаб, а пред се самите ракометари, ќе увидат што нé очекува на СП.
Таму нема слаби противници. Во Хрватска ќе играме со селекции на нивото на Унгарците кои се едни од фаворитите за највисок пласман на Мундијалот“,
изјави за СПОРТ+, селекторот Радослав Стојановиќ. 

На двата дуели македонскиот селектор им даде можност на сите ракометари кои ги има на располагање.

Следува три дневен одмор, по што во вторник (18 јули) продолжуваат завршните подготовки. Во периодот со 26 јули, а, пред заминувањето за Хрватска, избраниците на Стојановиќ, ќе одиграа уште два контролни натпревари.

Македонија на Мундијалот ќе биде дел од групата Ф, во која за противници ќе ги има Норвешка, Црна Гора и Грузија.