Најдобрата машка кошаркарска репрезентација на Македонија, попладнево ќе го игра вториот натпревар во квалификациите за Европското првенство.
Во арената „Арцелор Митал Парк“, во градот Сосновиец, Македонија и гостува на Полска во меч од .коло на „Х“ групата.
Двете репрезентации започнаа со порази во овие квалификации. Македонија пред својата публика загуби од Естонија, а Полска на гостински терен од Литванија.
Досега имаме одиграно два меча со натпреварувачки карактер со Полјаците и тоа во квалификациите за ЕП 1999 година. Двата ги доби Македонија по што за прв пат во историјата настапи на Европскиот шампионат.
Во четирите пријателски двете селекции имаат по два триумфи. Но, последните два, одиграни минатото лето во Белград, како дел од подготовките за олимписките квалификации Полска ги доби убедливо. Во првиот Полјаците славеа со 16 разлика, а во вториот претрпевме дебакл со 32 разлика (84-52).
Она што на црвено-жолтите им оди во прилог е неиграњето на најдобриот полски кошаркар Матеуш Понитка. Имено, тој не доби дозвола за настап на овој натпревар од тренерот на белградски Партизан, Жељко Обрадовиќ.
Но, и без него Полска има сериозен тим, па македонските кошаркари ќе мора да покажан многу повеќе во однос на дуелот со Естонија, доколку сакаат победа.
Како ќе биде, ќе видиме низ натпреварот што ќе започне до 18 часот, термин во кој ќе играат и Естонија – Литванија.