Новиот македонска кошаркарски репрезентативец, Американецот, Итан Хап се покажа во одлично светло во своето деби во жолто-црвениот дрес.

Хап натпреварот против Естонија го заврши со дабл-дабл со 18 поени и 10 скокови, но тоа беше мала утеха.

Македонскиот-Американец за денешниот дуел со Полска очекува поголема борбеност од целиот тим. Хам смета дека само така може да се победи фаворитот во овој натпревар.

„Полска е навистина силна репрезентација, без оглед што е пласирана на Евробаскет сигурно ќе биде мотивирана да одигра добар меч на домашен терен.

Ќе мораме да се бориме за секоја топка за да имаме шанса да стигнеме до позитивен резултат.

Борбеноста мора да биде највисоко ниво за да се бориме за победа на овој меч“, изјави Хап.

Хап и Димитриевиќ, ќе мора да имаат пантерска поддршка од останатите, доколку Македонија сака да се надева на победа.

Натпреварот од евро-квалификациите меѓу Полска и Македонија ќе започне од 18 часот.