Четвртата тенисерка во светот, Коко Гауф за прв пат во кариерата стигна до полуфиналето на Австралија Опен.
Американката по повеќе од три часа игра, ја совлада Украинката, Марта Костјук со 3-0 во сетови (7:6, 6:7, 6:2).
Првите два сета во кои се водеше голем борба траеја по повеќе од еден час. Двата беа решени во трај-брејкот, а првиот го доби Гоф со 8-6, а вториот Кострјук со 7-3 на поени,
Во решавачкиот трет сет, шампионката од УС Опен, Гоф направи три брејка што беа повеќе од доволни да го добие сетот со 6-2.
Американката во полуфиналето за противничка ќе ја има подобрата од мечот актуелната шампионка Арина Сабаленка и Барбора Крејчикова од Чешка.