Откако утринава го дознавме првиот четвртфинален пар на Австралија опен кај мажите, предмалку е комплетиран и вториот.
Андреј Рубњев ќе игра против Јаник Синер.
Рускиот тенисер за место меѓу осумте најдобри одигра тежок меч против домашниот тенисер Алекс Де Минуар кој го доби со 3-2 во сетови.
Неговиот противник 4-носител Италијанецот, Синер беше убедлив во мечот со Русинот, Карен Кахчанов кого го совлада со 3:0 во сетови.
Првиот четвртфинален пар кај мажите го сочинуваат Новак Ѓоковиќ и Американецот, Тејлор Фриц.