Машката одбојкарска репрезентација и следната пролет ќе настапува во Европската Златна лига.
Тоа ќе биде втор настап за македонските одбојкари во оваа конкуренција, во кој лани дебитираа како вовед во Европскиот шампионат.
За разлика од досегашните изданија, ова натпреварување сега ќе претрпи промени.
Натпреварувањето ќе брои 12 репрезентации кои ќе одиграат по најмалку три турнири, а завршниот како и лани ќе се игра во Хрватска.
Секоја репрезентација ќе биде домаќин на по еден турнир, а ќе патува на уште два.
Репрезентациите ќе одиграат вкупно по шест натпревари, со различни противници, а четирите најдобри ќе настапат на завршницата.
Натпреварите ќе се играат во втората половина на мај и почетокот на јуни месец.
Македонските натпреварите ќе ги започнат пред домашната публика, па ќе гостуваат во Белгија, а третиот во Хрватска.
17-19 мај домаќин Македонија
МАКЕДОНИЈА – ЕСТОНИЈА
МАКЕДОНИЈА – ЧЕШКА
24-26 мај домаќин Белгија
МАКЕДОНИЈА – АЗЕРБЕЈЏАН
МАКЕДОНИЈА – БЕЛГИЈА
31.мај-02 јуни домаќин Хрватска
МАКЕДОНИЈА – ХРВАТСКА
МАКЕДОНИЈА – ШПАНИЈА