Нови три натпревари од премиерното коло во Супер мапката кошаркарска члига ќе се играат денеска.
Иако имаат водно изменети и подмладени тимови, екипите на Пелистер и ТФТ во Битола ќе го играат дербито на денот.
Двата тима и во новата сезона влегуваат со амбиции за висок пласман, но и предизвик да се добие секој натпревар.
„Лигата ќе биде изедначена и секој натпревар ќе биде од огромна важност за крајниот распоред на табелата. Победа или кош разлика ќе бидат пресудни и може да имат влијание во конечниот распоред на табелата
Секој почеток е тежок, дали домашен терен или на гости…ја повикувам битолската публика да дојде во салата во што поголем број и да ја поддржи оваа млада екипа. А ние ќе дадеме се од себе да победиме и да покажеме добра игра со која тие би биле горди и задоволни“, изјави новиот тренер на пелистерци, Тане Спасев.
И неговиот колега на спротивната страна Боро Смилковски, очекува интересен шампионат.
„Ќе сведочиме на крајно возбудливо првенство. Со еден изменет ростер, можеби и најмладата екипа во овогодинешното првенство, не отстапуваме од целите за борба за висок пласман, како во домашното првенство, така и во АБА2 лигата.
Исклучително тежок натпревар нé чека на гостински терен во Битола. Верувам дека ќе сведочиме на модерна и добра кошарка, во која најверојатно ќе решаваат детали во играта околу победникот. Верувам во сработеното и се надевам на позитивен резултат“, вели Смилковски.

Натпреварот Пелистер – ТФТ што ќе почне од 19 часот, ќе биде последниот од Претходно во Струмица кај истоимената домашна екипа ќе гостува Работнички, а вицепрвакот со ново име Скопје (поранеше Маџари) го пречекува Кожув.
Распоред
Табела
| # | Екипа | О | П | И | кош +/- | Б |
|---|


































