Скопскиот маратон во недел, 4 октомври, ќе го има своето 22-ro издание со рекорден број учесници. Вкупно 15.050 натпреварувачи од 63 земји ќе застанат на стартот на големиот спортски настан во Скопје.

Информациите за годинешното издание беа презентирани на традиционалната прес-конференција. Рекордната бројка потврдува дека Скопскиот маратон одамна ги надмина локалните рамки. Манифестацијата прерасна во значаен меѓународен спортски настан со учесници од повеќе земји. На стартот ќе има и елитни тркачи од повеќе земји, кои ќе се борат за најдобрите резултати. Покрај домашните натпреварувачи, најбројни се учесниците од Србија, Германија, Велика Британија и Турција.

Важен дел од организацијата е и поддршката од институциите, партнерите, волонтерите и јавните служби. За успешното одржување на маратонот ќе бидат ангажирани околу 500 волонтери. Тие ќе бидат распоредени на различни позиции долж патеките и ќе имаат значајна улога во организацијата.

Градот Скопје ќе обезбеди поддршка преку јавните претпријатија и службите вклучени во организацијата. Поддршка за маратонот обезбедува и Делегацијата на Европската Унија, како и Министерството за спорт.

Четири трки, во различни категории

Главната трка е маратонот на 42,195 километри, додека полумаратонот ќе се трча на 21 километар. Во програмата е и трката на пет километри, наменета за поширок круг учесници. Дел од програмата е и „ЕУ фор спорт“ е штафетната трка.

Покрај натпреварувачкиот дел, организаторите подготвуваат активности за учесниците и посетителите.Дополнително внимание ќе биде посветено на атмосферата и поддршката долж патеката.