На најновата промена на АТП листата најдобро рангираниот македонски тенисер Калин Ивановски има пад за 16 позиции и се наоѓа на 325-то место со 159 поени или 14 помалку од претходната недела.
Горазд Србљак е рангиран на 1054.то место со 10 поени и пад за седум позиции.
Седум места послаб пласман од претходната недела има Обрад Марковски кој се наоѓа на 1465.то место со 3 поени.
Оваа недела на ранг листата под македонското знаме ранг има и Мејсон Наумовски (тенисер со македонско потекло). Тој има еден поен и е рангиран на 1987.то место. Наумовски имаа 22 години.
Во конкуренција на двојки Калин е рангиран на 674.то место со 71 поен или пад за пет места.
Берк Бугариќ има пад за осму позиции и се наоѓа на 1356.то место со 16 поени.
Обрад Марковски е рангиран на 1617.то место со 9 поени (пад за 9 места), а Елдин Хусеиновиќ е рангиран на 2114.то место со 3 поени, пад за 12 места.