Женската фудбалска македонска репрезентација на 5 декември ќе го одигра последниот натпревар во Лига на нации. Македонија ќе гостува во Софија кај Бугарија во натпреварот од 4-тото коло.
Тоа е последен натпревар, во ова натпреварување за нашата женска селекција кој досега ги загуби сите три дуели.
Селекторот Кирил Изов денеска го објави списокот на фудбалерки. Во тимот се враќа Наташа Андонова која ги пропушти дуелите со Косово.
- Голмани: Магдалена Лекоска (Љуботен), Ведрана Комненова (Скопје).
- Одбрана: Ана Милчевска (Самгрело, Грузија), Сара Коларовска (Скопје), Драгана Костова (Каменица Саса), Кристина Мојсоска (АС Јунајтед), Катерина Петкова (Истатов), Бојана Петкова (Љуботен), Катерина Милеска (Цевитана), Сара Ефтинџиоска (Цевитана).
- Среден ред: Симона Мејер (Макаби Хадера, Израел), Радица Велкова (Тиверија), Александра Марковска (Љуботен), Елма Шемсовиќ (Скопје), Елена Петровска (Љуботен), Наташа Андонова (Леванте, Шпанија), Оливера Цоклеска (АС Јунајтед).
- Напад: Гентијана Рочи (Купс, Финска), Афродита Салихи (Скопје), Рабија Дервиши (Скопје), Кристина Петрушевска (Истатов), Радица Чонева (Истатов), Илза Максути (АС Јунајтед).
Собирот на нашата најдобра женска селекција е закажан за 3 декември во Скопје.
Натпреварот меѓу Бугарија и Македонија ќе се одигра на стадионот на Левски во Софија.
Standings provided by Sofascore