Македонска таеквондистка Милјана Рељиќ продолжува со одличните настапи и собирање бодови за норма за Олимпијадата во Париз. Мила освои сребрен медал на Балкан Г1 Куп во Сараево.

Мила како прва носителка беше слободна во првото коло. Во второто коло извојува победа над Хрватка, Леа Спехар со 2:1 во рунди.

Во полуфиналето победи Мила со 2:0 во рунди над Норвежанката, Каролине Гјелсвик.

Сепак во финалето и покрај одличната борба, Надја Савковиќ од Србија издвојува победа.

Со ова Милјана ја продолжува низата на освојување на Г1 медали, кои и носат поени за олимписка норма за Париз 2024.