Младата ракометна репрезентација на Македонија (У20), отпатува за Анкара каде ќе одигра двомеч со соодветната селекција на Турција.
Ова ќе бидат првите два натпревари за селекцијата која се подготвува за европскиот шампионат што следното лето ќе се одржи во Словенија.
Самодовербата во репрезентацијата по одличниот настап на Мундијалот во Хрватска е на највисокото ниво вели Александар Петковски, ракометар на Алкалоид.
„По настапот на светското во Хрватска, дуелите со Турците се први за нас.
Позитивната атмосфера што владее во тимот и ‘хемијата’ која ја имаме со право ни влева надеж дека и на следното големо натпреварување како што е ЕП, може да се надеваме на одличен резултат.
Добро е што уште сега ги знаеме сите напи противници со кои ќе играме контролни натпревари, буквално во сите ЕХФ недели. Тоа ќе придонесе за уште поголема воиграност на нашата репрезентација.
Верувам во моите соиграчи дека уште еднаш ќе ја израдуваме македонската јавност“,
изјави за СПОРТ+, Александар Петковски.
Првиот натпревар во Анкара, против Турција ќе се игра утре од 14 часот.