Откако синоќа беа одиграни осминафиналните натпревари во англискиот Лига или популарен „Карабао“ куп, сега познати се двојките за четвртфиналето.

Њукасл кој му се реваншира на Манчестер Јунајтед за поразот во финалето. Сега во четвртфиналната рунда за противник ќе го има тимот на Челзи кој ќе ја има предноста на домашниот терен.

Вест Хем кој го елиминира Арсенал, за место во полуфиналето ќе се бори со Ливерпул и тоа на гости на „Енфилд“.

Евертон и Фулам ќе играат во четвртфиналето откако во осминафиналната рунда ги елиминираа Барнли и Ипсвич.

Последниот пар го сочинуваат екипите на Порт Веил и Мидлсборо.

Натпреварите од четвртфиналето на „Карабао“ купот ќе се играат на 19 декември.