Утринава во Мелбурн беа одиграни четири меча од осминафиналната рунда во женска конкуренција.
Својот настап во оваа фаза го заврши четвртата носителка Каролин Гарсија од Франција која во два сета 7-6 и 6-4 загуби од 45-то рангираната на ВТА листата Магда Линете од Полска.
Затоа пак петата носителка Арина Сабаленка од Белорусија немаше
Како и Каролина Плишкова од Чешка немаа проблеми во дуелите од Швајцарката, Бенчиќ односно Жанг од Кина кои ги совладаа во два сета.
Единствено три сета одиграа Векиќ и Фрухвиртова од Чешка, меч во кој хрватската тенисерка славеше со 2-1.
Со тоа познати се сите двојки за четвртфиналната рунда кај дамите.
вторник
(3) Џесика Пегула (САД) – (24) Викторија Азаренка (Белорусија)
(22) Елена Рибакина (Казахстан) – (17) Елена Остапенко (Летонија)
среда
(30)( Каролина Плишкова (Чешка) – Магда Линет (Полска)
(5) Арина Сабаленка (Белорусија) – Дона Векиќ (Хрватска).