Со денешните шест натпревари од двете групи во главната фаза ќе заврши оваа фаза од натпреварите на Светското првенство во ракомет, а потоа ќе останат дуелите од финалната рунда, како и завршницата од „Президент купот“. Во центарот на вниманието секако вечерва ќе бидат дуелите Египет – Данска и Норвешка – Германија за првото место во двете групи. Дуелот Египет – Данска е интересен и од причина што доколку Хрватска претходно постигне висока победа над Бахреин, Данска ќе мора да победи против Египет. Инаку светскиот првак Данска за да го освои првото место во групата мора да го совлада Египет, откако одигра нерешено со Хрватска.

Распоред на натпревари – 23.јануари:

Група 3 – Катовице

3.коло – Катар – Аргентина (почеток 15:30), Србија – Холандија (18:00) Германија – Норвешка (20:30)

Табела: Германија 8, Норвешка 8, Холандија 4, Србија 4, Катар 0, Аргентина 0.

Група 4 – Малме:

3.коло – САД – Белгија (15:30), Хрватска – Бахреин (18:00), Египет – Данска (20:30).

Табела: Египет 8,  Данска 7, Хрватска 5, Бахреин 4, Белгија 0, САД 0.

Президент куп Група 2: Плоцк

3.коло (23.јануари): Тунис – Алжир (15:30), Македонија – Мароко (18:00)

Табела: Тунис 4, Македонија 2, Мароко 2, Алжир 0