Младата репрезентација на Македонија до 19 години е во Полска, каде го одигра вториот натпоревар квалификацискиот турнир за пласман во елитна фаза.
Селекцијата предводена од Тони Јакимовски која настапува во групата 5, по победата над домаќинот Полска (2-0), денеска беа поразени од врсниците од Германија
Македонија загуби со 3:1, но остана на второто место на табелата со 3.бодови колку што имаат и Полјаците.
Стрелец на голот на Македонија беше играчот на струмичка Брера, Мартин Георгиевски кој во 63.минута израмни на 1:1.
Претходно (57), Пејчиновиќ и донесе предност на Германија, која до победата стигна со двата гола на Бишоф (67 и 73.минута).
Домаќините денеска со 3-0 славеа над Узбекистан селекција која ќе биде следниот, последен противник на нашите млади фудбалери.
Позитивен резултат во дуелот закажан за во вторник (17 октомври) ќе ја одведе нашата селекција во следната главна фаза.