Македонскиот тенисер Горазд Србљак има скок од 22 места на денеска објавената ранг листа на АТП. Тој се наоѓа на 1079-та позиција со 11 поени, еден повеќе од претходната недела.
Најдоброрангиран македонски тенисер и натаму е Калин Ивановски на 331.место (нема промена), но има три поени повеќе (161).
Трет македонски тенисер со ранг е Обрад Марковски, кој има пад од 119 места и се наоѓа на 1.493.то место со три поени или еден помалку.
Во конкуренција на двојки Ивановски е рангиран на 628-то место со 79 поени, додека Берк Бугариќ е рангиран на 1348-то место (пад за девет позиции) со 16 поени.
Марковски зауби 8 поени и со вкупно 13 има пад за 263 места и се наоѓа на 1483-то место. Елдин Хусеиновиќ со три поени е рангиран на 2125.то место со пад за 33 места.
Од македонските тенисери Калин Ивановски денеска го игра мечот од второто коло од Челинџер 125 турнирот во Братислава.