Австралиската тенисерка Дарија Савил на Инстаграм сподели приказна која ги изненади сите љубители на тенисот, особено оние на Марија Шарапова.

Савил го предвиде „камбекот“ на легендарната руска тенисерка, и своевремено светски рекет број 1.

Савил сподели фотографија од видео на Шарапова како сериозно тренира и најави дека Русинката се враќа на терените.

Савил напишала: „Мириса на уште едно враќање. Никој не прави вакви конкретни вежби само за да се чувствува добро!“

Не мина долго време па Шарапова која пред повеќе од три години ја прекина кариерата, објави на социјалните медиуму.

„Се враќам на редовните тренинзи. Повторно вежбам, бидејќи здравото тело има здрав ум “,

напиша Шарапова на социјалните мрежи.

36-годината Шарапова ги има освоено сите четири Гренд слем турнири, а на Роланд Гарос триумфираше два пати.