Данил Медведев избори пласман во третото коло откако го совлада Милман од Австралија со 3-0 во сетови (7:5, 6:2 и 6:2). Убедлив во денешната програма беше домашниот тенисер Кокинакис, кој со 3-0 во сетови и само пет загуби гема го победи Фоњини од Италија.
Ива Швјонтек најдобрата светска тенисерка без поголеми проблеми се пласира во 3.коло откако ја совлада Осорио од Колумбија со 2-0 во сетови (6:2 и 6:3). Второто коло беше пречка за финалистката на Австралија опен од 2019 година Петра Квитола, која загуби од Украинката Калинина со 2-0 во сетови.
Во второто коло заврши настапот и шампионката на Вимблдон од 2019 година Бјанка Андреску од Канада. Таа загуби од Буска од Шпанија со 2-1 во сетови.
Најголемата сензација на денешната програма е елиминацијата на Рафаел Надал, кој со 3-0 во сетови загуби од Американец Мекдоналдс.