Нерешено 28:28 одиграа репрезентациите на Бразил и на Португалија во првиот натпревар од Главната фаза во групата 2 во Гетеборг. Двете репрезентации се менуваа во водство, а во последната минута имаше и драматични ситуации. Португалија на 30 секунди пред крајот поведе со 28:27, со голот на Франциско Кошта, но во последниот напад Бразилците имаа шут. Тие промашија, но франциската судиска двојка сестрите Бонавентура го прегледуваа крајот на дуелот и досудија удар од 7.метри за „кариоките“и црвен картон за Португалија. Прецизен беше Дупоикс за кого ова беше 10-ти гол на натпреварот и воедно најефикасен на дуелот.

Во првиот дуел од групата 1 што се игра во Краков, Словенија го совлада Иран со 38:21. Најефикасен на дуелот беше Домен Макуч со 6 голови без промашување.

На дуелот од Президен купот група 1 Чиле ја победи Саудиска Арабија со 26:23.