Младата фудбалска репрезентацијата на Македонија до 21 година ги започна подготовките за новиот циклус квалификации за ЕП 2025 година во Словачка.
на стартот, македонските младинци ги очекуваат два тешки натпревари.
Првиот на гости кај против Шведска, а потоа на домашен терен со Холандија.
Напаѓачот на Кишварда и еден од главните играчи на оваа репрезентација, Марио Илиевски со нетрпение го очекува стартот на квалификациите.
„Владее одлична атмосфера во репрезентацијата уште од самиот почеток, функционираме како еден тим. Подготвени сме сите заедно да го дадеме максимумот на секој натпревар што следи.-
Ги воочиме грешките, извлековме голема поука и научивме многу од претходните контролни мечеви, особено на тие кај што бевме поразени.
Од натпревар во натпревар се повеќе напредуваме, играме подобро и поквалитетно. Располагаме со одличен состав, сите со нетрпение го очекуваме стартот на квалификациите и првиот дуел со Шведска на гости.
-Оваа генерација има квалитет, но и огромна желба за остварување на големи резултати. Очекувам на претстојните квалификации да одиграме на едно високо ниво, со голема борба и пожртвуваност и верувам дека доколку биде се во ред ќе имаме успешни квалификации“,
вели Илиевски.
За првиот натпревар против Швеѓаните тој смета дека иако се добра репрезентација, сепак црвено-жолтите можат до трите бодови.
„Добро ја анализиравме играта на Шведска и на тимско и индивидуално ниво. Селекција која располага со многу квалитетни фудбалери кои настапуваат во големи европски клубови.
Фокусирани сме максимално на првиот меч и дуелот со Шведска. Сакаме да ги отвориме квалификациите со победа и освојување на три бода.
Сигурен сум дека имаме квалитет и можеме да го повториме историскиот успех од 2017 година и учеството на тогашната репрезентација на Македонија на Европското првенство кое се одржа во Полска, подготвени сме тоа“,
потенцира Илиевски.
Младата репрезентација на Македонија денеска во 16:30 часот ќе го одржи вториот тренинг.