Светскиот вице-првак Полска го потврди својот квалитет на трите натпревари на Европскиот шампионат во Скопје.

Полскиот селектор Никола Грбиќ, по синоќешниот меч со нашата селекција изјави дека Македонија може да ја победи Чешка.

„Мислам дека повеќе шанси имате со Чешка, искрено.

Мислам дека Холандија има неколкумина играчи кои се искусни, а во коректорот имаат човек кој само решава натпревари.

Затоа сметам дека вашата шанса е дефинитивно Чешка. Тие може да играат добро, но во првите два дена, особено против Данска покажаа дека не е не победлив.

Со помош на публиката, верувам дека може да ги победите. Реално мислам имате повеќе шанси против чешка отколку против Холандија“,

изјави Грбиќ.

Македонските одбојкари денеска се слободни. Утре (17 часот) го играат натпреварот со Холандија, а во среда од 20 часот натпреварот против Чешка.