Комплетирани се и осминафиналните двојки кај дамите на Гредн слемот во Њу Јорк. Меѓу 16-те најдобри се пласираа и финалистките од Вимблдон.
Шампионката од Лондон (9-носителка) Маркета Вондрушова од Чешка за само 57 минути ја победи Русинката, Екатерина Александрова со 6-2 и 6-1.
Таа во четвртфиналето ќе игра против Американката, Пејтон Стеарнс која со 6-4 и 6-3 беше подобра од Британката, Кеит Батлер.
5-тата носителка на УС Опен, Онс Џабер се изнамачи за ја мине Марие Бужкова од Чешка.
Финалистката на Вимблдон, одигра речиси 3 часа, беше на работ на елиминација, но се избори за осминафиналето. Џабер го загуби првиот сет со 7-5, а во вториот во та-брејкот беше 5-5. Со одличен сервис создаде предност, а потоа направи и мини-брејк за да го добие тај-брејкот со 7-5 на поени и да израмни на 1-1.
Во решавачкиот трет сет, Тунижанката одзеде два гема на сервис на противничката и го доби со 6-2.
Со конечни 2:1 во сетови Џабер се пласира во осминафиналето во кое за противничка ќе ја има Женг од Кина.