Екипата на Партизан славеше убедлива победа над МЗТ Скопје Аеродорм со 120-67 во дуел од АБА лигата.


Белградскиот тим го собори рекордот во лигата, кога во прашање е ефектот од игра. Црно-белите реализираните 41 од 55 обиди од поле или 74,5% што е нов рекорд.

120-те поени се нов клупски рекорд на белградските црно-бели во регионалното натпреварување, а вкупно трет на една екипа која стигнала до оваа бројка.

Со ваков поентерски учинок може да се пофалат само уште две екипи.

Големиот ривалите на Партизан, екипата на Црвена Звезда исто така има постигнато 120 поени и тоа во мечот против Босна Ројал одигран 13 февруари 2003 година, кој црвено-белите го добиле со 120-71, што е вториот најефикасен натпревар.

187-те вкупно постигнати поени дуелот меѓу Партизан и МЗТ, го прават овој натпревар трет најефикасен во АБА конкуренцијата.

Апсолутниот рекорд од дури 210 постигнати поени на еден натпревар е од средбата меѓу Задар и Босна, исто така одиграна во 2003-година, кога хрватскиот тим славел победа со 122-88. Воедно тоа ги прави и Задрани лидери во пионерскиот учинок на екипа на еден натпревар.