Репрезентацијата на Македонија до 21 година на почетокот на септември ги стартува квалификациите за пласман на ЕП 2025 година во Словачка.
Селекторот на младата репрезентација на Македонија, Драги Канатларовски го објави списокот со повикани фудбалери за првите двата квалификациски натпревари за ЕП 2025
На списокот на селекторот Драги Канатлароски се наоѓаат следните фудбалери:
ГОЛМАНИ:
Марко Алчевски – А.П. Брера
Иван Николоски – Победа
Стефан Митрев – Кожуф
ОДБРАНА:
Марио Ричков – Шкупи
Стефан Деспотовски – Работнички
Андреј Стојчевски – Жилина, Словачка
Решат Рамадани – Динамо Киев
Виктор Крстевски – Гостивар
Методи Максимов – Шкендија
Михаил Димитриевски – Брегалница
Кристијан Тасевски – Аугсбург, Германија
СРЕДЕН РЕД:
Мартин Талаков – Подбрезова, Словачка
Иван Николов – Сондерјиске, Данска
Хамза Рамани – Шкупи
Алекс Златков – Шкупи
Димитар Тодоровски – Работнички
Ване Крстевски – А.П. Брера
Берат Калкан – Касимпаша, Турција
Бехар Фета – Марибор, Словенија
Матеј Ангелов – Работнички
Лука Станковски – Газиантеп, Турција
НАПАД:
Марио Илиевски – Кишварда, Унгарија
Филип Трпчевски – Хакен, Шведска
Луан Абази – Шкупи
Македонските младинци ќе играат против Шведска на 8. септември во Јенчепинг, со почеток во 18. часот и Холандија на 12. септември со почеток од 15:30. часот на тренинг центарот „Петар Милошевски”, во Скопје.