Италија буди убави спомени, не така дамнешни, кога во прашање е македонскиот фудбал. Токму Аѕурите се следниот противник на Македонија во квалификациите за ЕП.

Но, можеме ли повторно да го изненадиме повеќекратниот свески и европски шампион?

Селекторот Милевски смета дека се е можно, но и дека треба да бидеме реални.

„Не треба да се залажуваме, Македонија не е светска велесила. Македонија во минатото покажа дека бележи добри резултати само кога функционира како тим. За жал, ние не можевме да склопиме еден цел тим во минатиот период. Мораме да се спуштиме на земја. Да се ставиме во функција на тимот. Реалната слика е таа“, изјави селекторот Милевски.

Тој одговори и на прашањето околу недоразбирањата со екс капитенот Стефан Ристовски, кој неодамна репи да се повлече од репрезентацијата, поради „конфликт“ со селекторот.

„Разговарав со Стефан. Мојата идеја е да тој да остане лидер и капитен на тимот. Разговорот беше конструктивен, иако имавме различни мислења за некои работи. За жал, тој нема да биде дел од репрезентацијата, но тоа не значи дека мојата почит за него ќе се изгуби. Единствено што ми засмета што го дознав преку социјалните мрежи, а јас не користам социјалните мрежи. Нема нешто друго во прашање“, рече Милевски.“, истакна Милевски.

Македонија ја очекуваат два натпревари. Првиот во Скопје против Италија, а потоа и гостување на Малта.