Градењето на силен тим за новата сезона во Евролигата за белградска Црвена Звезда не преставува,
Како што пренесуваат српските медиуми Црвена Звезда е во фаза на напредни преговори со Алексеј Швед.
Иако Русинот веќе беше на прагот да замине во Кина, каде имаше многу понуди, сепак постојат реални шанси тој да му се приклучи на белградскиот клуб.
Швед веќе соработуваше со црвено-белиот тренер Душко Ивановиќ во Химки, па оваа соработка може да се обнови.
34-годишен Русин има и НБА искуство настапувајќи за Минесота, Филаделфија, Хјустон и Њујорк Никс. Во 2015 година се врати во Русија. Настапуваше за Химки, а потоа и во ЦСКА Москва.