Одбојкарска Македонија со пораз од нашиот јужен сосед (0-3) го заврши 47-от меморијален одбојкарски турнир ,,Чајка,, на последното четвртто место.
Вечерва во СЦ ,,Борис Трајковски,, грците славеа против Македонија во убедливи три сета (23-25, 22-25 и 16-25) и го забележаа вториот пораз на турнирот.
Македонските одбојкари добро играа во првите два сета во кои само нијанси решаваа кој ќе ги освои. Сепак тоа не бевме ние кои игравме ослабено поради повредата на Маџунков.
Нашиот капитен Никола Ѓорѓиев освои 15 поени, а Љафтов 7. Кај грците Мухалис беше најдобар со 20 поени.
За МВП на турнирот беше прогласен капитен на Македонија, Никола Георгиев.
Со завршување на овој турнир, Македонија ги комплетираше контролните средби и подготовки пред стартот на ЕП 2023 во Скопје.
Македонија е ко-домаќин на европскиот шампионат кој започнува за десетина дена во Скопје.