Јувентус одлично ја почна новата сезона и со победа од 0:3 кај Удинезе најави враќање во борбата за Скудетото.

Избраниците на Макс Алегри, уште од самиот старт влегоа силовито и веќе во втората минута проработе врската Влаховиќ – Киеза.  Србинот во улога на асистент а Киеза како егзекутор.

Само 18 минути подоцна, играч на Удинезе играше со рака во својот шеснаесетник, а судијата покажа на белата точка. Сигурен егзекутор беше Душан Влаховиќ кој зголеми на 0:2. 

Натпреварот целосно беше решен во финишот на првото полувреме, кога новото засилување Камбијасо одлично нафрли, а Рабио како врвен голгетер ја смести топката во противничката мрежа за 0:3.

Иако имаше неколку шанси во второто полувреме а ВАР му поништи и гол на Влаховиќ резлутатoт остана непроменет, за конечни 0:3 за Јувентус.

Изненадувањето на колото го приреди Лече, кој со пресврт го совлада Лацио со 2:1 и запиша големи три бода.

,,Бланкочелестите” од Рим имаа се во свои раце до самиот финиш, откако уште во 26-тата минута Имобиле погоди за 0:1. Сепак домаќините приредија вистинско изненадување, па во 85-тата и 87-та постигнаа два гола за целосен прeсврт и победа од 2:1