Младата репрезентација на Македонија до 15 години на 22 и 25 август ќе одигра два контролни натпревари против соодветната селекција на Турција.

Двете пријателски средби ќе бидат одиграни во Истанбул, Турција.

Првиот контролен меч на програмата е на 22 август со почеток од 18. часот. Три дена подоцна се игра втората контролна пресметка помеѓу овие две репрезентации, во исто време.

Составот на младата репрезентација на Македонија главно се состои од играчи што се дел од ФФМ Академијата.

Селекторот на репрезентацијата на Македонија до 15 години, Драган Начевски за претстојните натпревари, се одлучи да ги повика следните фудбалери:

Коста Стојановски, Херолинд Реџепи, Ринор Цека, Дадијан Денковски, Фадиљ Исламовиќ, Ердин Мамути, Стефан Јорданоски, Гројан Петковски, Лука Лазаревски, Антонио Сталески, Мартин Џангаровски, Стефан Темелков, Лука Георгиоски, Матеј Петков, Сеит Руфати, Антонио Атанасов, Бленди Љачка, Херолид Селими, Мартин Атанасовски, Бојан Митушкоски, Ахмет Сејдини, Јане Симоновски, Стефан Петровски, Андреј Цветковски, Михаил Митревски, Аријан Рамадани, Аријан Џафери, Марко Божиноски, Јаков Стојковски, Матеја Масев;

Собирот на репрезентацијата на Македонија до 15 години е закажан на 20 август, во Фудбалската федерација на Македонија.