Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа бележи прогрес од една позиција на најдолната (денешна) ВТА ранг листа.

Тетовката беше сопрена во финалето на турнирот Осијек, каде загуби од Романката, Анка Алексиа Тодони.

Сепак Ѓорческа која минатиот понеделник беше 248-ма, денеска е на 247-тото место на ВТА листата со 290 бодови. Во конкуренција на двојки Ѓорческа е на 284-то место што е пад за две позиции.

Магдалена Стоиловска која заработи бод од настапот на турнирот во Финска, сега има вкупно пет, е 1345-место што не подобро за 20 позиции од минатиот понеделник.

Што се однесува до 10-те најдобри во светот таму нема промени.

Ига Швонтек е лидер пред Арина Сабаленка и Американката, Пегула која триумфираше во Монтреал.

По нив следуваат во ТОП 10 следуваат: Рибакина, Џабер, Гарсија, Гаф, сакари, Квитова и Вондрусова