Кадетската репрезентација на Македонија со победа од 63-57 над Белгија го отвори ЕП за кошаркари до 16 години што се игра во Скопје.

Македонија која е дел од Б групата по голема борба славеше над Белгија за стартна победа на шампионатот.

Мечот се одигра во СРЦ Кале, а нашите момци помогнати од публиката, заслужено се радуваа на големата победа.

Најдобар поединец беше Доријан Ивановски со 16 поени, а двоцифрени беа и Дамјан Ивановски, Никола Јаничиќ и Сергеј Петровиќ.

Во нашата група, освен Македонија и Белгија, се уште и Франција и Литванија кои играат од 21 часот.

Следниот меч Македонија го игра утре во истиот термин од 18.30 часот, а за противник ќе ја имаме Франција.