Македонските јуниори денеска ќе го одиграат својот претпоследен натпревар во второлигашката конкуренција на Европското првенство во Португалија.
Откако прво беа поразени од В. Британија и Австрија, па беа посрамени од Исланд, вчера тие се надиграни и од Унгарците.
По новиот убедлив пораз (70-86), избраниците на селекторот Апостолски Лечиќ, сега ќе разигруваат за пласман од 13 до 16 место.
Шанса барем малку да го обелат образот ќе имаат вечерва од 21.30 часот за кога е закажан натпреварот против Естонија.
Победникот од овој натпревар ќе играа за 13.место со подобриот од дуелот Босна – Украина, а поразените ќе се играат за 15.место во конечниот поредок.