Јуниорската репрезентација на Македонија ја забележа првата победа во „Б“ дивизијата на Европскиот шампионат за кошаркари до 18 години.

Иако потешко од очекуваното нашите репрезентативци, ја совладаа Норвешка со 100-80.

Во првото полувреме се водеше израмнета битка, а Македонија на одмор замина само со три поени предност 46-43. Отпорот на Скандинавците беше скршен кон крајот на третиот и на почетокот на последниот период. Проработе шутот за три поени, па жолто-црвените на крајот дојдоа и до најголемата предност +20 (100-80)

Јаничиќ кој со 24 поени беше најефикасен во нашата селекција реализира 5тројки, а покрај него уште четворица македонски репрезентативци средбата ја завршија со двоцифрен број на поени.

Утре (16.30 часот) во последната рунда од „А“ групата Македонија ќе игра со Исланд во дуел за третото место на табелата.

Првото го обезбедија Британците кои во директната пресметка ја победија Австрија.