Ракометарите на Бутел Скопје ги започнаа подготовките за новата сезона во суперлигашкото друштво.

Новиот тренер Горан Кузманоски и неговиот асистент Дарко Јанев, денеска во спортската сала „Антон Димитров“ го одржаа првиот тренинг.

На тренингот беа присутни сите ракометари, меѓу кои и новаците – Александар Стојаноски, Лука Иваниќ, Дамјан Георгиев, Марко Стојанов и Иван Андревски.

Првиот дел одподготовките ќе се одвиваат во Скопје. Пото во Србија, следуваат три пријателски натпревари со Војводина, Југовиќ и Металопластика Шабац.

Кон крајот на август бутелчани ќе настапат на меморијалниот турнир „Крсте Андоновски Усташ“ во Охрид. На овој турнит Бутел ќе игра против македонскиот првак Еурофарм Пелистер, Татран Прешов и Металопластика, како и уште еден меч за пласман.

Пред стартот на Суперлигата, планиран е уште еден пријателски натпревар.