Македонската јуниорска репрезентација отпатува за Матошинос, Португалија, каде ќе настапи на Европското првенство, дивизија „Б“ за кошаркари до 18 години.
Јуниорите, предводени од селекторот Андреј Апостолски Лелиќ, за примарна цел имаат да се вбројат меѓу осумте најдобри. За пласман во четвртфиналната рунда, тие ќе мора да освојат едно од првите две места во А групата.
Тоа ќе треба да го сторат во конкуренција на пет селекции, а за противници ќе ги имаат: Австрија, Исланд, Велика Британија и Норвешка.
Селекторот ги одреди дванаесетмина што ќе играат на шампионатот, а меѓу нив е и Андреј Шошкиќ. Тој беше дел од селекцијата до 20 години која заврши како второ пласирана на ЕП во Скопје.
Црвено-жолтите се слободни во првото коло, а шампионатот ќе го започнат во сабота од 19 часот, со дуелот против Велика Британија.
Сите актуелности како и преноси во живо ќе може да ги следите ОВДЕ
СОСТАВ НА МАКЕДОНИЈА НА ЕП
1.Андреј Шошкиќ
3.Горазд Митев
6.Никола Јаничиќ
8.Атанасиј Трајанов
9.Бојан Величковски
10.Филип Чолаковски
11.Ангел Стојанов
20.Бојан Димитриев
23. Марко Луканоски
24.Григориј Јакимовски
34.Павел Иванов
42.Стефан Стојковиќ