Победничката на Вимблдон Маркета Вондрушова очекувано направи голем скок на најновата ВТА листа.
Чешката тенисерка која пред Гренд-слемот во Лондон беше на 42-то место, сега е десетто рангирана.
А, Ига Швјонтек и натаму е на лидерското место на ВТА листата. Таа сега има 9.315 бодови, или помалку од 500 бодови повеќе од второпласираната Арина Сабаленка.
Полската тенисерка го заврши Вимблдон во четврт-финалето и реално сценарио беше дека ќе го загуби тронот по повеќе од една година. Но, тоа не се случи бидејќи Белорусинката Сабаленка беше запрена во полуфиналето.
Веднаш зад нив двајца се: Елена Рибакина, Јесика Пегула, Каролине Гарсија, Унс Жабер, Коко Гуф, а сега Петра Квитова е осма додека Марија Сакари девета пред вимблдонската победничка Вондорушова.
#Ranking | Clasificación mundial @wta TOP TEN al 17 de julio…La checa Marketa Vondrousova hace su ingreso entre las mejores del mundo tras ser campeona en Wimbledon. #TenisalMáximo #Tenis #PasiónPorElTenis #Top10 #WTA #Clasificación pic.twitter.com/neYCd4QLb5
— Tenis al Máximo (@Tenisalmaximo) July 17, 2023