Најтрофејниот тенисер на светот Новак Ѓоковиќ успешно ја започна својата поход кон 24-тата Грен слем титула, а осма на Вимблдон.
Бранителот на трофејот од лани, а сега во улога на втор носител, во 1.коло со 3:0 го совлада Аргентинецот, Педро Качин.
Мечот траеше нешто подолго од два часа, не сметајќи го едночасовниот прекин поради дожд, Ѓоковиќ го доби со 6:3, 6:3 и 7:6 (7:4).
Ривал на Новак во второто коло ќе му биде Австралиецот Џордам Томпсон, (70-ти на АТП листата), кој на стартот од натпреварувањето направи голем пресврт против Брендон Накашима и од 0:2 стигна до конечни 3:2 во сетови.
Од носителите пласман во втората рунда досега обезбедија и: (4) Каспер Руд, (7) Андреј Рубњев, (11) Алиасиме од Канада и (14) Мусети од Италија.