На само неколку дена пред почетокот на Европското првенство од Дивизијата „Б“, што во петок почнува во Скопје, машката селекција на Македонија за играчи до 20 славеше над врсниците од Холандија.

Црвено-жолтите добро започнаа и создадоа двоцифрена предност (19:9). Но, на средина на втората четвртина, резултатот веќе беше изедначен (22:22). Со минимална предност од четири поени Македонија замина на полувремето (31:27).

Во третиот период иако, поведовме со +13 (40:27), сепак гостите со серија од 16-1 го свртеа резултатот во своја полза (41:43). Холанѓаните тика застана, бидејќи нашите младинци возвратија со серија 11:0, по што гостите едноставно се откажаа, па црвено-жолтите славеа со конечни 65:49.

Најефикасен во нашиот тим беше Смиќ со 18 поени, Бошалевски постигна 12 (сите со удар за три поени), а листата на „двоцифрени“ ја заокружи Наков со 10 поени. 

Потсетување дека на Европското првенство, Македонија ќе игра во А групата во која противници ќе им бидат селекциите на Чешка, Бугарија, Словачка и Ирска.